Владата отповикува девет амбасадори

 

Покрај Игор Николов кој треба да замине за амбасадор на Франција, предложени се уште тројца нови амбасадори за Украина, Јапонија и Хрватска. Извори од Владата потврдуваат дека за амбасадор во Украина е предложен Димитар Блажевски, за амбасадор во Јапонија, Андријана Цветковиќ и за амбасадор во Хрватска, Драган Ѓурчевски.

На  владина седница донесена е и одлука за почнување на постапка за отповикување на девет актуелни амбасадори.

Меѓу нив се амбасадорката во Бугарија, Агнеза Руси-Поповска, во Црна Гора, Зеќир Рамчиловиќ, во Белгија – Методија Белевски, амбасадорката и постојана претставничка на Северна Македонија при Советот на Европа, Светлана Гелевева, како и амбасадорот и шеф на Постојаната мисија при Меѓународните организации, Пајо Авировиќ.

На оваа листа се и амбасадорите во Босна и Херцеговина – Јакуп Реџепи, во Чешка – Емил Крстевски, во Шведска – Џенк Сејфила, како и Катерина Ставреска, амбасадор во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

30.01.2025 - 09:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега