Владата одлучи: Бесплатни возачки и сообраќајни дозволи
Владата на Република Македонија на денешната седница донесе одлука со којашто се овозможува бесплатна замена на важечките возачки и сообраќајните дозволи за граѓаните на Република Северна Македонија. Во таа насока задолжено е Министерството за внатрешни работи да ги преземе соодветните правни акти, согласно што возачките и сообраќајните дозволи коишто треба предвремено да се заменат, ќе бидат без надомест.
Исто така, на седницата е задолжено и Министерството за надворешни работи, да ги преземе соодветните активности со коишто ќе се овозможи издавање без надомест на патните листови за сите државјани кои живеат надвор од Република Северна Македонија и имаат потреба да се вратат за да извадат патни исправи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа