Владан го избодел татка си со нож па се забарикадирал во куќа - Крвава драма во Србија
Деновиве многу трагедии и драми ја потресоа Србија, а воедно и регионот, а една од нив се случи вчера во Гроцка.
49-годишниот Владан Д. е уапсен под сомнение дека со нож го избодел татка си, по што потоа се забарикадирал во куќа во Гроцка, Србија.
Несреќниот човек стар 70 години бил примен во Ургентниот Центар во белград, и за среќа е надвор од животна опасност.
Според зборовите на соседите на семејството, се се одвивало рано утрото: - Слушнав дека се скарал со татко му, па го избодел. Потоа веројатно пијан се заклучил во куќата. Полицијата морала да реагира. Додека траеше увидот седеше во полициската кола. Изгледаше пијано, веројатно и не знае што направил, вели сосед за српските медиуми.
Мотивот за крвавата драма не е познат сеуште, а истрагата е во тек.
Осомничениот е задржан 48 часа во притвор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа