Вклучен е црвениот аларм: На конкурс од Клиниката за гинекологија за акушерки немало ниту една пријава за акушерки
Има недостаток на акушерки, имаше еден конкурс објавено од Клиниката за гинекологија и немаше ниту една пријавено. Одма презедовме иницијатива заедно со средното медицинско „Панче Караѓозов“ и со министерот за образование, одлучивме од септември да отвориме уште една паралелка. Цело време апелирам да се соочуваме со сите проблеми. Затоа сме тука, да ги решаваме. Ова го изјави денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити, на денот на акушерките.
Запрашан околу најавите за прес-конференција на двата најголеми синдикати во врска со се уште недобиеното зголемување, три и две илјади денари за медицинскиот персонал, министерот рече дека со синдикатите е усогласено се и дека за неколку дена ќе почне исплатата. На новинарско прашање, фер ли е 78 процентно зголемување на платите на функционерите, а здравствените работници да се жалат на мали примања, министерот одговори дека тој не одлучува за зголемувањето на функционерските примања.
- Ние се стремиме, здравствените работници секогаш да имаат подобри примања и за тоа ќе се залагаме и во иднина, нагласи министерот.
На прашање околу поплаките од родители за условите на детска клиника, чекање за обичен преглед околу 4 - 5 часа, министерот рече дека се прави се, за да има и втори смени и за дијагностика и за прегледи и термини да има.
- Со се ќе се справиме, но нормално е дека ни треба време, рече министерот.
Во врска со стратегија за задржување на кадарот во земјава, министерот рече дека се во секојдневни преговори со министерството за финансии, за согласности за нови вработувања во здравството. Тој потврди дека во секоја здравствена институција има дефицит на кадар од секаков вид и рече дека ќе се направи се што е во рамките на можностите, за нови вработувања.
Запрашан околу реакции при назначување на кадри за директори, како тој на кардиологија, со поставување на лице што претходно било директор на водовод и канализација, како и кадарот на токсикологија, лекар по општа медицина, министерот рече дека станува збор за високообразовани кадри.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа