(ВИДЕО) Трамп: Украина можеби нема да преживее

 


Доналд Трамп синоќа изјави дека Украина можеби нема да преживее, со или без Американците. Тој го изјави ова во интервју за „Фокс Њуз“. Водителката на „Фокс“, Марија Бартиромо го праша Трамп: „Дали сте задоволни со фактот што се повлековте и Украина можеби нема да преживее?“

„Па, тие и онака можеби нема да преживеат. Таа војна немаше да се случи ако јас бев претседател“, рече Трамп.

Тој додаде: „Бајден ме остави со отворени граници кои пуштаат 21 милион луѓе, од кои многумина не треба да бидат тука. Многумина се криминалци, многумина се убијци, дилери на дрога, нарко босови. Ја имаме целата оваа збрка со Израел и нападот на 7 октомври, како и сите последици од најлошото и најглупавото повлекување во историјата“.

Соединетите Држави денеска ќе се сретнат со украинска делегација во Саудиска Арабија за да утврдат дали Украина е подготвена да направи материјални отстапки на Русија за да ја прекине војната, соопштија двајца официјални лица.

Членовите на американската делегација се заинтересирани и за тоа дали Украинците навистина сакаат подобрување на односите со администрацијата на Трамп, изјавија двајца официјални лица за Ројтерс под услов да останат анонимни, по неодамнешната средба меѓу американскиот и украинскиот претседател во Белата куќа, која брзо се претвори во кавга пред камера.

10.03.2025 - 09:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега