Вјоса Османи: Израел е подготвен да ги укине визите за граѓаните на Косово

 

Претседателката на Косово Вјоса Османи, по средбата со амбасадорката на Израел во Приштина, изјави дека владата на Израел била подготвена да ги укине визите за граѓаните на Косово.

Во соопштението од кабинетот на претседателката Османи стои дека на средбата се разговарало за соработката помеѓу двете земји, како и за меѓудржавни договори кои се однесуваат на различни области.

„Амбасадорката Зив ја информираше претседателката Османи дека по нејзиното барање до израелските институции, Владата на Израел изразила согласност за одобрување на договорот за укинување на визите за граѓаните на Косово“, се додава во соопштението.

Со оваа одлука граѓаните на Косово ќе можат безвизно да патуваат во Израел за туристички цели.

30.01.2024 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега