Викенд временска прогноза: Какво ќе биде времето за време на изборите?
Времето утре ќе биде сончево по одделни котлини и речни долини со појава на магла и ниска облачност. Преку денот сончево со слаб југоисточен ветер.
Во недела времето ќе биде сончево со услови за појава на магла и ниска облачност, а преку денот сончево со слаб југоисточен ветер.
Во понеделник времето ќе биде сончево по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена, а попладне со значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Во текот на ноќта ќе биде ветровито и во западните делови ќе има врнежи од дожд.
Во вторник времето ќе биде сончево со појава на магла и ниска облачност и врнежи од дожд кои до крајот на денот ќе престануваат. Ќе дува умерен до засилен претежно југоисточен ветер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа