Викенд акција во Тетово: Фрчеле казни - многу возачи ќе се испразнат со по 400 евра

 

На 10.03.2024 од 13.00 до 19.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата, во рамките на која вкупно биле изречени 147 мерки (ТЕ-116 и ГВ-31).

Во акцијата биле откриени и санкционирани 100 возила, односно возачи (ТЕ-69 и ГВ-31) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место. Шест од нив пречекориле за над 70 километри на час (ТЕ-5 и ГВ-1), а 29 возачи (ТЕ-22 и ГВ-7) за над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Покрај ова, санкционирани се и 47 возачи (ТЕ) кои возеле пребрзо во населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци со парични глоби од 45 до 400 евра. Во акциската контрола санкционирани се и 16 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-12 и ГВ-1).

11.03.2024 - 17:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега