(Видео) „Во случај на имплозија, смртта е моментална“: Експертите откриваат што се случило со „Титан“

 

Светот го растажи соопштението на американската крајбрежна стража дека остатоците откриени во близина на потонатиот брод Титаник потекнуваат од подморницата Титан и дека сите патници загинале.

Местото на кобната несреќа се наоѓа на 487 метри од остатоците од Титаник, а пронајдените делови припаѓаат на капсулата која го одржувала притисокот. Надлежните соопштија дека сè укажува на тоа дека имало имплозија при спуштањето на подморницата, што значи дека патниците веднаш починале.

Подморниците се дизајнирани да издржат огромен притисок, дури 400 пати поголем отколку на површината на морето, потсетува „Инсајдер“.

Сепак, секое оштетување или неисправност на нивниот труп може да предизвика истекување, а потоа и целосна катастрофа, дури и експлозија на бомба.

Светот не изгуби надеж дека спасувачите ќе успеат да ги извлечат патниците на Титан, но за жал тоа не се случи. Од друга страна, веста за можна имплозија укажува на тоа дека тие не страдале долго.

Имплозијата во основа е токму спротивното од експлозијата. Наместо притисокот да се движи од внатре кон надвор, ситуацијата е обратна. Како и да е, последиците се подеднакво катастрофални и од подводниот брод речиси не останало нешто. И додека јавноста чека нови детали од истрагата, многумина се прашуваат како изгледа имплозијата на подморницата.

Анимацијата (брутално) ги илустрира објаснувањата на експертите за неверојатниот притисок што ги „крши“ подводните пловила за миг.

Поранешниот оператор на подморница, Марк Бери, објасни што предизвикува таков инцидент, посочувајќи дека Титан најверојатно имал некаков дефект во структурата на трупот.

„На длабочина од 3.800 метри притисокот е 400 пати поголем отколку на површината, па и најмал дефект може да предизвика трагедија. Човек не би го почувствувал, бидејќи тоа би се случило неверојатно брзо. Немало момент на страдање. Истрагата ќе утврди што точно се случило – рече Бари.

23.06.2023 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега