(ВИДЕО) Во Берлин се славеше легализирањето на марихуаната
Марихуаната од денеска станува легална во Германија.
Според законот, секој на возраст од 18 и повеќе години може да чува до 50 грама дома и да носи најмногу 25 грама надвор. Пушењето трева е дозволено онаму каде што не е забрането. Забрането е на игралишта, во училишта, спортски објекти, вклучително фудбалски стадиони, објекти за деца и млади и на 100 метри од влезот во овие објекти.
Голем број радосни луѓе собрани пред Бранденбуршката порта ги запалија џоинтите веднаш по полноќ за да го поздрават стапувањето на сила на новиот германски закон за декриминализирање на канабисот.
Неколку стотици видно расположени луѓе, од кои многумина танцуваа на звуците на реге музиката, чекаа со кренати запалки, штом часовникот отчука полноќ да ги запалат џоинтите. Огромен лист марихуана ја красеше бината пред знаменитоста во Берлин.
„Конечно можеме да се покажеме. Не треба повеќе да се криеме“, рече Хенри Плотке, член на германското здружение ДХВ. За него новиот закон е „олеснување“ бидејќи повеќе не се смета за криминалец.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа