ВИДЕО: Уништена лабораторија за кокаин во Приштина - запленети над 2.500 килограми

 

Косовската полиција уништи лабораторија за производство на кокаин во Приштина. Запленети се и над 2.500 килограми од психотропната супстанца.

Министерот за внатрешни, Џељаљ Свечља вели дека тоа е 19 лабораторија која е уништена во последните три години.

„Уништена лабораторијата за наркотици за кокаин во Приштина. Ние објавивме војна на ова појава откако ја презедовме функцијата и бевме бескомпромисни во овој поглед. Денешната лабораторија е 19-та уништена во последните три години, 40 криминални групи кои беа вклучени во ова се уништени активности и запленети повеќе од 2.500 килограми разни видови дрога Оваа битка ќе продолжи и никој нема да биде неранлив и моќен пред законот“, рече Свечља.

23.09.2024 - 10:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега