(ВИДЕО) Улични протести во Турција: Барање за слобода на градоначалникот на Истанбул

 


Илјадници граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и Измир трета ноќ по ред. Тие бараат ослободување на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој беше приведен под обвинение за корупција и поврзаност со терористички организации. Турските власти воведоа строги безбедносни мерки, а полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите.

Протестите, кои се одржуваат и покрај официјалната забрана за јавни собири, добија масовна поддршка од опозициските партии, синдикати и граѓански организации.

Во Анкара, стотици демонстранти се собраа пред седиштето на опозициската Народна републиканска партија (НРП), извикувајќи слогани против владата. Според министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, досега се уапсени 97 лица.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган жестоко реагираше, нарекувајќи ги протестите „уличен терор“ и обвинувајќи ја опозицијата за поттикнување немири. „Како што претходно не сме се поклониле на уличниот терор, така и сега нема да попуштиме пред вандализмот“, порача Ердоган.

22.03.2025 - 11:55

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега