ВИДЕО: Тројца патници на „Вирџин Галактик“ пристигнаа во вселената
Првите патници кои ги превезуваше американската компанија „Вирџин Галактик“ денеска пристигнаа во вселената, соопшти компанијата основана од милијардерот Ричард Бренсон, со што го исполни ветувањето дадено пред 20 години.
Тројца патници, Џон Гудвин (80), Кеиша Шахаф (46) и нејзината ќерка Анастатија Мајерс (18), поминаа неколку минути во вселената, од каде можеа да се восхитуваат на Земјата и накратко да лебдат во бестежинска состојба, покажува видеото на компанијата.
Оваа мисија наречена „Галактик 02“ е втор комерцијален лет на компанијата, по првиот реализиран на крајот на јуни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа