(Видео) Товарен брод потона во Турција поради силно невреме

 

Турските спасувачи го пронајдоа телото на еден член на екипажот на товарен брод што потона крај турскиот брег во Црното Море поради силна бура, соопштија официјални лица. Другите 11 члена на екипажот се пријавени за исчезнати.

Бродот „Кафкаметлер“ под турско знаме потона вчера во близина на пристаништето во градот Ерегли.

Министерот за транспорт и инфраструктура, Абдулкадир Уралоглу, изјави дека бродот се движел кон западното турско пристаниште Измир.

Акцијата за пребарување и спасување беше одложена неколку часа поради лошите временски услови.

Уралоглу рече дека кога времето се смирило, спасувачите го пронашле телото на готвачот на бродот.

Силно невреме го погоди северозападниот дел на Турција предизвикувајќи прекини и големи штети.

Друг товарен брод се скрши на половина поради тешките временски услови откога заринка кај Ерегли, соопшти Генералниот директорат за поморски работи, а сите 13 члена на екипажот беа спасени.

Поради поплавите, евакуиран е и еден затвор во тој град, а четири лица загинаа во разни инциденти предизвикани од невремето.

20.11.2023 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега