(Видео) Тензично на римското дерби: Со факели се гаѓаа навивачите на Рома и Лацио

Римското дерби меѓу Лацио и Рома беше најинтересниот натпревар за гледање кога станува збор за четвртфиналето од Копа Италија. Навивачите на двете екипи почнаа со факели да се гаѓаат со што се погрижија атмосферата да биде нарушена.

Еден дел од навивачите на Нацио успеаа да стигнат близу до трибината на која се наоѓаа фановите на Рома и почна меѓусебното гаѓање со факели, димни бомби и тврди предмети. Полицијата успеа да реагира навреме и да спречи поголем скандал каде евентуално би можел и самиот натпревар да биде прекинат, ако ситуацијата ескалираше.

Во однос на резултатот, Лацио успеа да победи со 1-0 благодарение на голот на Закањи од пенал во 51. минута, а тензични моменти имаше и на крајот кога Педро и Азмун добија црвени картони.

10.01.2024 - 22:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега