(ВИДЕО) Српски новинари во куќата на Жежовски: На терасата свети само една сијалица

 

Додека цел Балкан е потресен од двете свирепи убиства во Македонија, заинтересираноста на соседните земји се повеќе расте.

Колегите од српскиот портал Телеграф.рс веќе два дена се во Македонија откако дознаа за трагедијата која ја крена нашата земја на нозе.

Тие вчера беа на местото каде што беше запален автомобилот со кој е киднапирана Вања, а денеска по погребот на велешанецот Панче Жежовски направија обиколка на неговиот дом.

Преку видеото се гледа дека во куќата е целосен мрак, а запалено е само надворешното светло на терасата.

Тие пишуваат дека соседите за Панче имале само пофални зборови и дека тој бил добар човек и сосед.

Пренесуваат и дека една сосетка им кажала дека долго не работел како фризер и дека влегол во политика.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Telegraf.rs (@telegraf.rs)

05.12.2023 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега