ВИДЕО: Со хеликоптер на МВР ставен под контрола пожарот кај село Караслари, велешко

Денеска хеликоптер Бел-412 од Одделот за  воздухопловни единици на МВР повторно дејствуваше врз пожар во село Караслари, општина Велес.

Хеликоптерот во 30 налети  исфрли 45 тона вода и во координација со силите на терен дејствуваше за гаснење на преостанатите жаришта, со што пожарот е ставен под контрола.

По добиено второ барање од ЦУК, хеликоптерот е упатен и дејствува врз пожар во неготинско.

10.07.2024 - 17:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега