(ВИДЕО) Со дрон погоден голем руски воен брод

 

Службата за безбедност на Украина (СБУ) заедно со украинската морнарица извршила операција во Новоросијскиот залив, во која бил оштетен големиот десантен брод „Оленегорски рудар“, изјавиле за украинските медиуми извори од Украинската специјална служба.

„Како резултат на нападот, на Оленегорск е создадена сериозна дупка и моментално не може да ги извршува своите борбени задачи. Сите руски изјави за „одбиениот напад“ се лажни“, рекол изворот, пренесува Интерфакс Украина.

Агенцијата Униан наведува дека на снимката која и ја доставиле извори во украинската СБУ се гледа како поморскиот дрон на СБУ со 450 килограми ТНТ напаѓа руски брод со околу 100 членови на екипажот.

Агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на својот извор, исто така објави дека рускиот брод бил оштетен во акција на украинската СБУ и морнарицата.

Министерството за одбрана на Русија претходно соопшти дека е одбиен обидот за напад на базата во Новоросијск со беспилотни летала на украинската морнарица. Новоросијск е едно од најголемите пристаништа на Црното Море.

04.08.2023 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега