(ВИДЕО) Скандал ја тресе Романија: Млада жена се породи на тротоар пред болница, од каде ја препратиле во друга оти немало доктор
Скандал го потресе романското здравство откако се појави видео на кое се гледа како млада жена се пораѓа на тротоар, буквално на влезот од самата болница.
Според локалните медиуми, сето тоа се одвивало на влезот на болницата во Урзичени.
24-годишната трудница претходно побарала помош во болницата, но и било кажано дека мора да оди во друга болница, оддалечена 60 километри, бидејќи таму немало кој да ја породи.
Наводно ја „придружувале“ од болница и повикале брза помош за да ја пренесат во Слобозија. Но по пат почнала да се пораѓа. Кога пристигнала брзата помош, младата мајка веќе лежела на тротоарот, веднаш до влезот во болницата. Докторите не можеле да стигнат ни да ја кренат на носилки, бидејќи породувањето веќе било започнато.
Девојчето се породило на студениот асфалт, едвај успеале да стават најлонска кеса под неа, бебето да не падне директно на тротоарот. За среќа девојчето е родено живо и здраво, пренесуваат медиумите.
“Жената не издржа повеќе, сама отиде да се породи. Детето беше половина надвор. Некоја жена стави најлонска кеса на тротоарот, на која го испушти детето”, изјави очевидец на овој необичен настан.
Директорот на болницата кој ја препратил трудницата изјавил дека и била укажана прва помош.
„Требаше да чека во Ургентно, каде професионално ќе беше надгледувана“, изјави Јан Тигели.
Сава Константин, градоначалникот на Урзичени, за овој случај проблемот го наоѓа во недостигот на кадар. Тој наведува дека гинеколошкото одделение е затворено повеќе од половина година.
„Немаме лекари. Имаме институции, плаќаме превоз, кирија, плаќавме фирми да ги убедат лекарите да дојдат. Тие не доаѓаат. Тие остануваат месец, два и потоа заминуваат. Правиме проекти, се инвестираат милиони“, рече градоначалникот.
Сепак, информациите на веб-страницата на болницата велат поинаку од градоначалникот. На гинеколошко-акушерското одделение треба да има 23 кревети, двајца лекари и седум асистенти. Дури и министерот за здравство тврди дека имало кадар да се згрижи за жената.
„Можеше да и се пружи помош во болница, без разлика на специјализацијата на дежурниот лекар. Да биде во безбедни услови, а не во импровизирани. Мислам дека оставката на директорот е морална и соодветна“, изјави министерот Александру Рафила.
Според написите, работите да бидат уште полоши, младата мајка е со оштетен слух и вид.
Министерството нареди да се изврши внатрешен увид.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа