(ВИДЕО) Сите очи вперени кон Аргентина: Денеска инаугурацијата на Мајли, пристигна и Зеленски
Во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, се е подготвено за денешната инаугурација на новиот претседател Хавиер Мајли, човекот кој ја потресе политичката сцена на оваа земја, пренесуваат медиумите.
Поради бројните економски и други проблеми со кои се соочува Аргентина, Мајли успеа да добие најголема популарност меѓу гласачите и со низа необични изборни ветувања победи на изборите во оваа земја.
– Како кандидат Мајли вети дека ќе го „исчисти“ политичкото раководство од корупција и ќе ја елиминира Централната банка на Аргентина, која ја обвини дека печати пари и ја подгрева инфлацијата – пишува ABC News.
Исто така, Мајли претходно се претставуваше како „воин против глобалниот социјализам“ и рече дека му се восхитува на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Како своевиден симбол на политиките што ќе се обиде да ги спроведе, Мајли често носеше моторна пила на предизборните митинзи, што беше симбол на најавеното кратење на трошоците во земјата.
Во пресрет на инаугурацијата во Аргентина пристигнаа бројни државници, а Мајли се сретна и со унгарскиот премиер Виктор Орбан. На инаугурацијата на Мајли пристигна и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа