(ВИДЕО) „Штедете храна и вода, не можеме да Ве спасиме“ - силно невреме и дожд ги заробија посетителите на култниот фестивал во Невада
Поради силниот дожд, на посетителите на популарниот фестивал „Burning Man“ им било кажано дека не можат да го напуштат настанот што се одржува во американската пустина во Невада.
Организаторите на култниот фестивал денеска ги известија сите 70.000 посетители да штедат храна и вода бидејќи силниот дожд го претвори во кал пустинскиот песок на кој се наоѓа кампот. Влезот и излезот од настанот во американската сојузна држава Невада е „суспендиран“, се вели во соопштението на организаторите.
Годишниот фестивал што се одржува во пустината Блек Рок е еден од најпознатите културни настани во Америка.
Организаторите најавија дека „не е дозволено возење додека не се исуши површината, со исклучок на итните служби. На оние кои се упатија на фестивалот овој викенд, Федералното биро за управување со земјиштето, кое е домаќин на настанот, им кажа да „се свртат назад и да си одат дома“.
– Посетителите да штедат храна, вода и гориво и да се засолнат на топло и безбедно место – се наведува во соопштението.
Настанот требаше да трае од 27 август до 4 септември оваа година, кога посетителите еднаш годишно во пустината Блек Рок во Невада создаваат Блек Рок Сити (Black Rock City), привремена метропола посветена на заедницата, уметноста, самоизразувањето и самодоверба.
Фестивалот Бурнинг мен (Запален човек) го доби своето име по церемонијата на затворање, кога симболично се пали огромна инсталација во облик на човек, направена од дрво, а требаше да заврши во понеделник со масовно заминување познато како Егзодус.
– Дождот во последните 24 часа создаде ситуација која бараше целосно запирање на движењето на возилата на теренот. Во следните неколку дена се очекуваат нови врнежи и има мала надеж дека условите ќе се подобрат доволно за да се овозможи влез на возилата на песочниот терен. Претходно организаторите им порачаа на учесниците да штедат храна и вода и им забранија на возилата да излегуваат по патиштата бидејќи „бурнерите“, како што се познати учесниците, ја поминаа ноќта стуткани во шатори и кампери извалкани од кал – се вели во соопштението на БЛМ во кое се објавува затворање на пристапните патишта.
Burning Man 2023 is now declared a national emergency by the US government. Over 70,000 people are stranded at Black Rock City in Nevada. pic.twitter.com/llU4Rgr2QU
— Trap Doge (@420dogecoin) September 2, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа