ВИДЕО: Први снимки од нападот со лак и стрела во Норвешка - има мртви и ранети

 

Уапсен е напаѓачот кој со лак и стрела уби и рани неколку луѓе во Норвешка.

Мажот бил уапсен откако повредил и убил повеќе луѓе, а повеќето подрачја во Норвешка се евакуирани, полицијата вели дека е прерано да се каже дека нападот е поврзан со терористички напад.

Точниот број на повредени или загинати во инцидентот се уште не е објавен. Нема сомнеж дека некој друг е вмешан.

Конгсберг од главниот град Осло е одалечен околу 100 километри.

Наводно големо подрачје во близина на Конгсберг е евакуирано и заградени откако напаѓачот наводно пукал на повеќе луѓе на отворена улица со своите лак и стрела.

Истражувачите не ја исклучуваат можноста дека станува збор за терористички напад, рекол началникот на полицијата Драмен оивинд Аас, кој после нападот одржал прес-конференција за новинари и потврдил апсење на еден осомничен.

„Времето ќе покаже“ рекол пред новинарите на прашањето поврзано со тероризмот.

На лице место има десетина полициски возила, Итна помош, но и хеликоптер го надлетува подрачјето.

Во областа во која се случил нападот живеат околу 26.000 луѓе, а нападот наводно почнал така што осомничениот нападот го започнал во супермаркет.

13.10.2021 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега