ВИДЕО: Полициските хеликоптери исфрлија над 45 тони вода, локализирани пожарите во Кривогаштани и Сарај
Денеска Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од ЦУК за гасење на пожар што избил денеска околу 14:00 часот на територија на општина Кривогаштани, меѓу селата Подвис и Годивје, упати хеликоптер од типот Белл 212 што делуваше во 45 налети и исфрли 40 тони вода и заедно со пожарникари од ТППЕ Кривогаштани, Прилеп и Крушево пожарот е ставен целосно под контрола, извести МВР.
– Исто така, Одделот за воздухопловни единици по пријавен пожар од страна на ЦУК во Општина Сарај, кај село Љубин интервенираше со хеликоптер од типот Ми-171 и во 2 наврати прецизно исфрли 5 тони вода и заедно со Ер тракторите на ДЗС помогна во целосно гаснење на пожарот, се додава во соопштението на МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа