ВИДЕО: Полициски хеликоптер исфрли над 38 тони вода врз пожарот на планината Серта

 

Денеска полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици продолжи да дејствува врз пожар што е се уште активен на планината Серта.

Хеликоптерот во 25 налети исфрли над 38 тони вода.

Во раните утрински часови се дејствуваше на кракот од пожарот што се наближуваше кон селото Калањево и откако истиот беше ставен под контрола се продолжи да се дејствува на преостанатите краци од пожарот. 

 

14.07.2024 - 15:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега