ВИДЕО: Полицијата не можеше да ги раздвои – масовна тепачка во Криво Паланка

 

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски објави видео од масовна тепачка за која тврди дека се случила во 1 часот по полноќ пред кафе бар во Крива Паланка.

Според него, сопственик на барот е градоначалникот на општината, Сашко Митовски и како што тврди Петрушевски, тепачката ја предизвикал и во неа учествувал братот на градоначалникот. Пратеникот тврди дека во тепачката имало и учесници кои завршиле со тешки телесни повреди.

- Пред кафе барот Селект во Крива Паланка, кој е во сопственост на градоначалникот Сашко Митовски, околу 1 часот по полноќ се случила масовна тепачка, во која десетина лица се здобиле со тешки телесни повреди и се хоспитализирани. Тепачката ја предизвикал и во неа учествувал и братот на градоначалникот, вели Петрушевски.

24.12.2023 - 21:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега