(ВИДЕО) По 111 години пронајден изгубен ѓердан од Титаник
Во остатоците на познатиот луксузен океански брод Титаник, 111 години по неговото потонување е пронајден изгубен ѓердан. Титаник потона на своето прво патување откако удри во санта мраз во Атлантикот. Во таа несреќа загинаа над 1.500 луѓе.
Ѓерданот е направен е од мегалодон заби, џиновска праисториска ајкула и мала количина злато. Ја пронашле членовите на организацијата „Магелан“. Инаку, оваа организација се занимава со подводни истраги и мапирање на морското дно.
Ѓерданот бил случајно пронајден за време на снимањето на потонатиот брод Титаник за потребите на документарен филм.
-Пронајдениот ѓердан е луксузно убав, а ваквите откритија го одземаат здивот, изјави Ричард Паркинсон, извршен директор на организацијата „Магелан“.
Ѓерданот се уште е во остатоците од бродот бидејќи САД и Велика Британија треба да дадат посебна дозвола за да го извлечат од потонатиот брод.
Со помош на вештачка интелигенција, истражувачите ќе се обидат да утврдат на кого точно му припаѓал ѓерданот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа