ВИДЕО: Пеење не му оди како тенис - Ѓоковиќ се распеа на свадбата на брат му
Новак Ѓоковиќ минатиот викенд беше на свадбата на неговиот брат Ѓорѓе и инфлуенсерката Сашка Веселинов.
Да потсетиме, еден од најдобрите тенисери во историјата поради „лични причини“ го откажа настапот за Србија на Дејвис купот, а српските медиуми објавија дека причина е венчавката.
На Инстаграм е објавено видео од забавата на кое Новак Ѓоковиќ го зема микрофонот и ја отпеа песната „А у меѓувреме“. Свадбата се одржа во Белград, а потоа младенците и 80 гости заминаа во Црна Гора, односно во Херцег Нови.
14.09.2022 - 10:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа