ВИДЕО: Пчели ги нападнаа Алкараз и Зверев на Индијан Велс

Неверојатна и особено бизарна ситуација се случи во првиот сет од четвртфиналниот дуел на Мастерсот во Индијан Велс. Карлос Алкараз, Александар Зверев, судијата Мухамед Лајани и други актери мораа да истрчаат во соблекувалната, бидејќи теренот беше целосно „нападнат“ од пчели!

Како што минуваше првиот сет, стана појасно дека условите за игра стануваат невозможни. Пчелите се собраа околу камерата, која организаторот набрзо ја подигна колку што можеше, но беше предоцна. Пчелите почнаа да ги напаѓаат и боцкаат присутните, а се чини дека најтешко настрада судијата Лајани, кој во неколку наврати беше жртва на нападите на овие инсекти.

15.03.2024 - 09:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега