(ВИДЕО) Одрон на автопатот Скопје-Велес: Се случи сообраќајка

15-тина минути беше целосно блокиран автопатот Скопје-Велес, попладнево од 17 часот, до 17.15 часот, потврдија од АМСМ за „Прес24“. Тој бил комплетно затворен поради одрони, а се случила и сообраќајка незгода. За среќа, нема повредни во несреќата.   

„Од 17.00ч. автопатот Скопје – Велес е комплетно затворен поради одрони на автопатот и поради одронот случена е сооб.незгода без повредени. Од 17.15ч.,сообраќајот се одвива со пропуштање на возила“, соопштија од АМСМ.

Екипа на Прес24 успеа да ја сними ситуацијата на автопатот 15-тина минути пред 18 часот, при што можевме да забележиме дека на терен има две специјални возила кои работат на санирање на одроните. На местото на настанот беше присутно и едно возило, со кумановски регистарски ознаки, најверојатно возилото кое учествувало во сообраќајката. На местото на одроните, автомобилите се движеа исклучиво по десната коловозна лента, по што има значителен метеж.

Повеќе детали се очекуваат во текот на вечерта, по што дополнително ќе известиме за новостите за оваа ситуаиција. 

15.12.2023 - 18:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега