ВИДЕО од моментот кога новинар му даде леб и сметка на Ковачевски за да му докаже дека цените низ маркетите не се намалени

 

На денешната прес-конференција наменета за буџетот за 2023г. на Министерството за труд и социјална политика, на која обраќање имаше и премиерот Димитар Ковачевски, новинар му подари на претседателот на Владата, леб, купен 10-тина минути пред почетокот на брифингот, за да му докаже дека нема намалување на цените на основните производи низ маркетите.

Ковачевски во повеќе наврати кажува дека се очекува намалување на цените на основните прехранбени производи до 10%, но низ маркетите тоа не е секојдневната пракса. Цените на лебот и останатите основни производи не се намалени.

13.12.2022 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега