ВИДЕО: Неговата музика галеше душа и срце, утре последно испраќање на Милан Завков

Утре, 8-ми февруари 2023 (среда) ќе се одржи Комеморативен собир во спомен на македонскиот врвен инструменталист и музички автор, Милан Завков.

Комеморацијата ќе започне во 10 часот во Фоајето на Националната опера и балет, а последното испраќање ќе се одржи во 12 часот, во капелата на Градските гробишта во Бутел.

Eден час потоа ќе биде извршено и погребувањето на посмртните останки.

Маестро Милан Завков почина ненадејно вчеравечер, во 61-та година од животот.

07.02.2023 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа