(ВИДЕО) МВР за сообраќајната блокада: Контрола на семафорите има Град Скопје

 

По сообраќајниот колапс во главниот град се огласија и од Министерството за внатрешни работи. Преку соопштение до медиумите тие велат дека надлежен орган за управување и контрола на семафорите и сообраќајот имал Град Скопје.

„Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата „Надлежен орган за управување и контрола на семафорите и сообраќајот на крстосниците на подрачјето на град Скопје е град Скопје преку Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС).

Бидејќи попладнево настана сообраќаен метеж, (на што објективно влијаеја и неколку полесни сообраќајни незгоди, но и зголемената употреба на возила од страна на граѓаните поради временските услови), а врз основа на член 5 од ЗБСП, СВР Скопје -Единица за безбедност на сообраќајот на патиштата – Одделение за безбедност на патниот сообраќај постапи со цел да се овозможи поголема проточност на сообраќајот и очекувамр метежот наскоро да биде расчистен“, соопштија од МВР.

За потсетување, од 15 до 18 часот, попладнево во Скопје имаше голем сообраќаен хаос. Граѓаните не можеа да пристигнат во своите домови со часови, а некои деца останаа заглавени во училиштата и градинките.

Сега ситуацијата е смирена, но само пред повеќе од еден час, возачите беа револтирани и гневни. 

22.12.2023 - 19:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега