ВИДЕО: Москва нападната со дрон, оштетена зграда, нарушен воздушниот сообраќај
Украинско беспилотно летало утринава се урна во зграда во центарот на Москва, откако беше соборено од руската противвоздушна одбрана, што го наруши воздушниот сообраќај на сите цивилни аеродроми во руската престолнина, соопштија руските власти. Сведок на Ројтерс кој бил во областа опишал дека слушнал „силна експлозија“.
Руското Министерство за одбрана и градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјавија дека нема жртви откако противвоздушната одбрана уништила беспилотно летало кое потоа удрило во зградата на Експо центарот во Москва рано наутро. Експо Центар е група изложбени павилјони и повеќенаменски сали лоцирани на помалку од пет километри од Кремљ.
„Околу 04:00 часот по московско време, режимот на Киев изврши уште еден терористички напад користејќи беспилотно летало врз објекти лоцирани во Москва и Московската област“, соопшти руското Министерство за одбрана.
DRONES ON MOSCOW. Again.
Explosion again in the "Moscow City" complex. The embankment and the nearest bridge to "Moscow City" are closed off. pic.twitter.com/uSKGKNL70K
— Maria Drutska (@maria_drutska) August 18, 2023
Moscow... BAVOVNA
"One UAV fell on the roof of the Expocentre in the Moscow City area and broke through the roof. An explosion was heard in Moscow City. Preliminary in the area of the Federation Tower" pic.twitter.com/L6MNLvGOqK
— MAKS 23 (@Maks_NAFO_FELLA) August 18, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа