(ВИДЕО) Мицкоски за Велигден: Нашата света црква како и досега, ќе продолжи да биде големиот чувар на идентитетот на македонскиот народ

 

Утрово и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка по повод најголемиот христијански празник Велигден до сите православни христијани.

„Дозволете во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да Ви го честитам најголемиот христијански празник – Воскресението Христово Велигден. Ви посакувам безброј мигови на среќа, на спокој и на љубов за вас и вашите семејства. Благодат за секој еден од нас која произлегува од радоста на Христовото Воскресение кое пак, еве веќе два милениума претставува најмаркантниот настан во историјата на човештвото, но и сведок за неизбежноста на победата на доброто врз злото“, кажа Мицкоски во денешното видео-обраќање до јавноста.

„Живееме во време полно со предизвици, поделби, гнев, со омраза едни кон други, но и во време на големи неправди А тоа највеќе нé боли. Кога гледаме дека од нашите раце сакаат да ја оттргнат надежта, соништата – нашите најмлади членови на ова општество кои притиснати од очајот на властa се приморани да ја бараат својата среќа во други држави, надвор од нивните родни огништа!

Имаме задача – моја, ваша, заедничка – да му ставиме крај на ова сивило и да ги промениме работите! Да ставиме крај на неправдите и на заедничките болки што предизвикуваат заеднички страдања“, додаде Мицкоски.

Тој потенцираше заедно да се избориме за нови стандарди! Друга опција вели немаме, и ова била Македонија за која се бориме. 

16.04.2023 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега