ВИДЕО: Maкедонски навивачи на Ренцо Барбера
Maкедонски навивачи се на трибините на Ренцо Барбера за да ги поддржат македонските фудбалери во вечерашниот натпревар против Италија.
Македонскиот селектор Благоја Милевски го одреди почетниот состав за вечерашниот полуфинален мундијалски бараж на гостински терен против Италија.
На голот е стандардниот Столе Димитриевски, а во одбраната се капитенот Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Дарко Велкоски и Езѓан Алиоски.
Средниот ред го сочинуваат Адријан Адеми, Енис Барди и Бобан Николов, кој доби предност пред повратникот во репрезентацијата Давид Бабунски.
По страничните позиции ќе играат Александар Трајковски и Дарко Чурлинов, додека нападот ќе го предводи Милан Ристовски.
Италијанскиот селектор Роберто Манчини се одлучи за следните 11. фудбалери: Донарума – Флоренци, Манчини, Бастони, Емерсон – Бареља, Жоржињо, Верати – Берарди, Имобиле (капитен) и Инсиње.
Натпреварот започнува во 20:45 часот, а стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо со капацитет од 36.000 седишта е распродаден.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа