(ВИДЕО) Локализирани пожарите во Кондово и велешко

 

Денеска (16.10.2023) Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во скопско Кондово, како и пожар во велешко помеѓу селата Иванковци, Мамутчево и Милево, го упати хеликоптерот Бел-412еп и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарите се локализирани, соопшти полицијата. 

Хеликоптерот Бел-412еп врз пожарот во Кондово исфрли над седум тони вода, а врз пожарот во велешко над 55 тони вода.

16.10.2023 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега