(Видео) Ковачевски за Божиќ во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид
Премиерот Димитар Ковачевски, присуствуваше на Божиќната служба во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, во чест на празникот Христово раѓање – Божиќ, а со којашто чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј.
Ковачевски поразговара со верниците, како и со претставниците на МПЦ-ОА и им посака добро здравје, спокој и радост. Споделени беа и очекувања да се продолжи по патот на перспективите.
Големиот христијански празник Божиќ, како што констатираше премиерот Ковачевски, поттикнува надеж дека секој нов почеток е шанса, поцврсто и поодлучно во вербата и надежта, да се зачекори напред, на патот кон заедничкото добро.
Во прилог документ од интегралното обраќање на премиерот Ковачевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа