(Видео) Израелската армија за нападот на болницата: Ракетата беше лансирана од блиските гробишта зад неа

 

Израелската армија одржа брифинг за нападот на болницата во Газа.

Како што рекоа, „немаше директен удар на Израелската војска врз болницата“.

Портпаролот на армијата, Даниел Хагари, додаде дека тврдењата оти Израел ја погодил болницата се „лажни и неосновани“.

Тој рече дека израелската војска заклучила оти палестинската исламистичка џихадистичка група е одговорна за експлозијата во болницата.

Тој додаде дека во вторникот во 18.15 часот по локално време, пред експлозијата во болницата, Хамас лансирал канонада ракети врз Израел.

„А потоа, во 18.59 часот, од блиските гробишта беше лансиран бараж од 10-ина ракети од страна на ПиЈ. Во исто време имаше извештаи за експлозија во болница во Газа“, рече тој.

Хагари истакна дека Хамас разбрал оти експлозијата била предизвикана од ракета лансирана од Исламскиот џихад, но почнал „глобална медиумска кампања“ за да го обвини Израел.

Тој додаде дека доколку израелската војска е одговорна за експлозијата, ќе има „кратер“ или некаква „структурна штета“.

Покажувајќи дијаграм од болницата, тој вели дека нема таква штета – „ѕидовите остануваат недопрени“.

Израелската војска тврди дека околу 450 палестински ракети ги промашиле своите цели од 7 октомври кога биле лансирани врз Израел од Појасот Газа и вели дека експлозијата во болницата е пример за тоа.

Израелската војска тврди дека ракетата била лансирана од делот зад болницата и дека пресретнала палестински повик во кој се разговарало за неуспешното лансирање.

Портпаролот ги критикува медиумите, кои објавија за експлозијата во болницата „Ал Ахли ал-Араби“ велејќи дека тие „ги шират лагите на Хамас“.

18.10.2023 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега