ВИДЕО: Интензивен напад врз Киев, употребени крстосувачки ракети и беспилотни летала, има повредени

 Руските сили извршија „исклучително интензивен“ воздушен напад врз Киев рано утринава користејќи беспилотни летала и крстосувачки, а можеби и балистички ракети, соопштија градските власти. Ова е осми воздушен напад овој месец.

„Беше исклучителен по интензитет – максимален број проектили во најкраток можен временски период“, објави на Телеграм Серхи Попко, шеф на воената управа на главниот град на Украина. „Според прелиминарните информации, повеќето од непријателските цели во воздушниот простор на Киев се откриени и уништени“, додаде тој.

Засега се уште не се знае колку објекти се урнати и дали некои од нив успеале да ги погодат метите, изјавија официјални лица за Ројтерс.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека од остатоците при воздушниот напад врз Киев биле запалени неколку автомобили и оштетена зграда во населбата Соломјански во западниот дел на главниот град. Повредени се три лица.

Тој додаде дека системите за противвоздушна одбрана одбиле напад на руски дрон јужно од градот Бориспил, кој се наоѓа југоисточно од Киев. Во Бориспил се наоѓа главниот патнички аеродром во Киев, кој беше затворен поради војната.

Воената управа на Киев наведува дека нема значителна штета во другите делови на градот, додека се уште се собираат информации за потенцијално повредени.

16.05.2023 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега