(Видео) Хаос во Истанбул: Турски демонстранти се обидоа да влезат во израелскиот конзулат

 

Турските демонстранти се судрија со полицијата во текот на ноќта кога се обидоа да влезат во израелскиот конзулат во Истанбул, јавува „Ројтерс“.

Палестинските власти објавија дека вчерашната експлозија била предизвикана од израелски воздушен напад, а Израел ги обвини за експлозијата во болницата „Ал Ахли ал-Араби“ додека тие ја отфрлаат поврзаноста.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган го нарече овој инцидент „последниот пример на израелски напади, кои се лишени од најосновните човечки вредности“, а неговата канцеларија за медиуми ги означи израелските тврдења како „дезинформации“.

Во текот на ноќта беа организирани протести во најмалку десетина турски градови, како и пред израелската амбасада во главниот град Анкара, каде што учесниците со палестински знамиња извикуваа слогани за осуда на Израел.

Полицијата употреби солзавец и водни топови за да ги растера илјадниците демонстранти, кои се обидоа да влезат во израелскиот конзулат во Истанбул, најголемиот град во Турција.

Пет лица се приведени, соопшти кабинетот на гувернерот на Истанбул.

Денеска, забележливо е зголемено обезбедувањето околу конзулатот, со стотина полицајци и 10-ина возила со водни топови, распоредени зад низа метални бариери, а се проверува идентитетот на оние што сакаат да поминат, пренесува британската агенција.

18.10.2023 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега