(ВИДЕО) Хаос во Финска: Се урна пешачки мост - повредени 27 деца

При уривање на привремен пешачки мост во финскиот град Еспо повредени се 27 малолетни лица.

Десетмина од повредените се во тешка здравствена состојба.

Најголем дел од повредените се осмоодделенци.

Според очевидци, на градилиштето бил изграден пешачки мост кој води до еден од трговските центри.

Според спасувачката служба, повредени се млади лица, претежно малолетни.

Полицијата поведе истрага за причината за несреќата.

11.05.2023 - 22:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега