(ВИДЕО) Хаос на свадба во Англија: Гости се удирале и фрлале столици, а кршеле и маси

 

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа моментoт кога раскошнa свадбa се претвора во крвава тепачка.

На видеата се гледа како некои од гостите се караат, додека други си фрлаат столчиња и ја уништуваат просторијата за церемонија.

Масовната тепачка се случила во Реџент Хол во Болтон, Англија.

Насилството започнало кога маж му пришол на гостин и го удрил капата, што потоа довело до тепачка.

Лутите гости ги искршиле масите и столовите. Се слушаат врисоци додека луѓето залудно се обидуваат да ја прекинат тепачката додека другите очајнички трчаат да се сокријат.

Полицијата соопшти дека биле повикани да интервенираат поради нередот.

„Полицајците успеаја да ја прекинат тепачката и да ја стават ситуацијата под контрола. Немаше повредени или повреди опасни по живот. Едно лице е уапсено поради сомнение дека нападнал полицаец. Истрагата моментално е во тек“, рече портпаролот.

Маж е уапсен под сомнение дека нападнал еден од неколкуте полицајци повикани на тепачката.

Видеото од тепачката може да го погледнете ТУКА.

01.09.2023 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега