ВИДЕО: Фондацијата Заев го започна серијалот Успешни приказни”

 

Фондацијата Заев во рамките на своето дејствување го започна серијалот “Успешни приказни” кој има за цел да пренесе порака до македонскиот народ, а посебно до младите дека може да се биде успешен и во Македонија.

„Овде е борбата. Овде се случува европеизација на државата. Овде се реформите што треба да ги правиме. Во Северна Македонија допрва ќе се крева економскиот стандард на граѓаните и ќе се унапредува животот на народот. Сите овие предизвици се поголеми дома и имаат поголемо вредносно значење за сите нас како граѓани на оваа држава. Во другите земји од Западна Европа, тоа е веќе постигнато. Затоа треба тука да работиме и вложуваме за наш личен успех, но и за успехот на државата и граѓаните. Со работниот и интелектуалниот капацитет и квалитетот кој го поседуваме може да се напредува и успева и дома. Тука се остава трага. Тука, дома, може да оставите свој личен печат.“ - стои во објавата.

За почеток на серијалот, својата успешна приказна ја раскажува, Асс Д-р Наталија Цоклеска Шунтов, детски хирург во ЈЗУ Клиника за детска хирургија.

Наталија на сите млади им порача да ги следат своите соништа бидејќи соништата се остваруваат.

 

03.04.2023 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа