ВИДЕО: Федерер и Надал заедно го слават исфрлувањето на Ѓоковиќ - снимка која стана хит на социјалните мрежи

Веста за дисквалификацијата на Новак Ѓоковиќ предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Запрепастувачкото исфрлување на Србинот од Ју-Ес опен е тема на денот во целиот свет. Социјалните мрежи „горат“. Неговите навивачи се оправдано бесни поради престрогата одлука на судиите, додека неговите ривали се „насладуваат“.

Така снимка на која се гледаат Роџер Федерер и Рафаел Надал како „умираат од смеење“ стана вистински хит на интернет.

Новак испушти сјајна можност да го освои Ју-Ес опен и да им се приближи на големите ривали на вечната листа. Федерер има 20 Грен слем титули, Надал 19, а Новак остана на бројот 17.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.09.2020 - 18:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега