(ВИДЕО) Ескалација во Либан: Израел го нападна Бејрут
Најмалку три лица загинаа, а седум се ранети во израелски воздушен напад утринава врз јужните предградија на Бејрут, соопшти либанското Министерство за здравство.
ИДФ тврди дека цел бил член на Хезболах
Претходно, либанската државна новинска агенција ННА објави дека израелскиот воздушен напад со два проектила бил насочен кон зграда во јужните предградија на Бејрут.
Во соопштението на израелската војска се наведува дека цел на нападот бил член на Хезболах, кој претставувал непосредна закана за израелските цивили.
Во петокот израелски воени авиони бомбардираа и уништија зграда во населбата Хадат во јужните предградија на Бејрут, што го означи првиот израелски напад врз областа откога беше постигнат договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах на 27 ноември 2024 година.
Кревкиот прекин на огнот е во сила во Либан од ноември, со што стави крај на повеќемесечната прекугранична војна меѓу Израел и Хезболах, која ескалира во целосен конфликт во септември со илјадници смртни случаи.
An Israeli raid on the Southern suburbs of Beirut. Ambulances rush to the scene. pic.twitter.com/WyvnH74Pys
— Al-Amili العاملي (@resist_truth) April 1, 2025
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа