ВИДЕО: Еруптираше Етна, откажани летовите од Катанија

Летовите од аеродромот во Катанија утринава се откажани поради ерупција на вулканот Етна, соопшти компанијата која управува со аеродромот.

Компанијата Сац извести дека аеродромот ќе биде затворен до 13 часот. Етна на островот Сицилија е еден од најактивните вулкани во светот.

Со височина од 3300 метри, тој е и највисокиот вулкан во Европа.

14.08.2023 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега