(ВИДЕО) Ердоган не му ја пушта раката на Маск, цел свет му се смее

Илон Маск се најде во центарот на вниманието на финалето на Светското првенство, но од погрешни причини, а на Твитер сега се шири вирално видео од средбата меѓу турскиот претседател и милијардер во Катар. Реџеп Таип Ердоган се сретна со Маск, а милијардерот очигледно остави силен впечаток кај претседателот, кој не сакаше да му ја пушти раката.

Американската писателка Моли Јонг-Фаст го сподели видеото на Твитер, шегувајќи се дека Ердоган „дефинитивно нема да биде новиот шеф на Твитер“, а луѓето пишуваат дека турскиот претседател сакал да ја покаже својата моќ со овој невербален чин, поради што силно ја повлече раката на Маск кон себе.

20.12.2022 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега