(ВИДЕО) Експлодираше граната во Русија: Загинаа 7 лица

Најмалку седум лица загинаа во експлозија на муниција предизвикана од случајно активирање на рачна граната во регионот Белгород, во близина на украинската граница, јави денеска руската новинска агенција Интерфакс.По експлозијата што се случи во саботата во просториите за воени лица во околината на Белгород, спасувачите, како што пренесуваат медиумите, пријавиле тројца загинати и осум исчезнати.

Интерфакс пишува дека наредникот ненамерно активирал рачна бомба во студентскиот дом, што предизвикало експлозија на муниција и пожар.

Пронајдени се телата на четири лица кои по несреќата беа прогласени за исчезнати, изјави портпаролот на спасувачката служба, пренесува агенцијата. „Така бројот на жртви се зголеми на седум“, додаде изворот.

17.01.2023 - 17:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега