ВИДЕО: Дури 10.000 луѓе се водат за исчезнати во Либија

 

Околу 10.000 луѓе се водат како исчезнати по големите поплави во Либија, изјави претставник на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC).

„Од нашите независни извори на информации, можеме да потврдиме дека бројот на исчезнати достигна 10.000 досега“, рече Тамер Рамадан, шеф на делегацијата на IFRC во Либија.

Поплавите и свлечиштата предизвикани од силниот дожд уништија многу патишта и куќи. Најтешко беше погодено пристаништето Дерна, најголем дел под вода откако се урнаа две брани и четири моста.

„Бројот на загинати е огромен и може да достигне илјадници“, додаде Рамадан.

Повеќе од 1.000 тела се пронајдени во источниот либиски град Дерна, изјави министер од источната влада, додавајќи дека конечниот биланс на загинати се очекува да биде многу висок.

„Се вратив од Дерна. Катастрофално е. Телата лежат насекаде – во морето, во долините, под зградите“, изјави за Ројтерс по телефон Хихем Шкуат, министер за цивилна авијација и член на Комитетот за вонредни ситуации.

12.09.2023 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега