ВИДЕО: Драмски театар е под вода

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денес беше во Драмски театар на увид на штетите предизвикани од поплавите од дождот.

Ако во 2017 година Владата на СДСМ го реализираше проектот за изградба на нов современ објект на Драмски како што претходно се планираше, денеска немаше да бидеме сведоци на овој потоп, истакна Љутков.

Седум годишната негрижа за Драмскиот театар не само што стана видлива, туку денеска дождот го онеспособи да биде храм на уметноста.

На сцената главната улога од денеска наместо актерите ја имаат кофите.

Оваа Влада нема да дозволи да продолжи понижувањето на уметниците и целосно ќе се вложи на создавањето на достоинствени услови за креативна работа на уметниците“, посочи Љутков.

 

27.06.2024 - 21:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега